Британски авион собори рекорд во непрекинат лет – ММС
ММС

Објавено на: 03/7/19 12:24 PM

Британски авион собори рекорд во непрекинат лет

Авионот на соларен погон „Зефир“, направен од лесни материјали, постигна светски рекорд во најдолг непрекинат лет без посада. Британската компанија „Кинетик“, која го направи леталото, соопшти дека авионот непрекинато летал 54 часа, пренесува „Би-Би-Си“ Претходниот рекорд во непрекинат лет без посада беше 30 часа, а го постигна американскиот авион на млазен погон „Глобал хок“.

Сепак, рекордот од 54 часа на „Зефир“ нема да бде регистриран во светските архиви затоа што на таниот тест не присуствувале претставници на Светската федерација за спортови во воздух.

– Овој авион ќе лета и подолго и ќе го видите тоа – изјави техничкиот директор на „Зефир“, Крис Келер.