Во светот денес има четири милијарди телефонски претплатници – ММС
ММС

Објавено на: 03/7/19 12:17 PM

Во светот денес има четири милијарди телефонски претплатници

Околу четири милијарди претплатници на фиксната и на мобилната телефонија има денес во светот, што е четирипати повеќе отколку пред десет години, соопшти Меѓународната унија за телекомуникации, оценувајќи дека за таквиот пораст најзаслужен е брзиот подем на мобилната телефонија во земјите во развој.

Оваа агенција на ОН наведува и оти порастот на бројот на претплатниците е особено видлив во земјите со брз стопански развој, како Кина, Бразил, Индија…

Од вкупно четири милијарди претплатници во светот, 1,27 милијарда се во фиксната, а 2,68 во мобилната телефонија. Околу 61 отсто одвкупниот број претплатници се од земјите во развој.