Во цистерни за гориво 11 мигранти од Србија влегле во Хрватска – ММС
ММС

Објавено на: 03/7/19 12:14 PM

Во цистерни за гориво 11 мигранти од Србија влегле во Хрватска

Полицијата во Сисак, Хрватска, вчера привела 11 мигранти заради утврдување на нивниот идентитет, откако нелегално влегле во земјата криејќи се во две камионски цистерни за гориво. Возилата со големите цистерни во Хрватска дошле од Србија за да наполнат гориво во Рафинеријата во Сисак.

Возачите на возилата биле шокирани кога почнале да ги полнат цистерните со гориво – од нив почнале да излегуваат и да скокаат мигрантите. Во едната цистерна биле петмина, во другата шестмина.

Возачите тврдат дека не забележале ништо сомнително и оти мигрантите веројатно во цистерните влегле скришно на пркинг во Србија.