Поради гранатирањето на Кашмир, Индија на Пакистан му се закани со „страшни последици“ – ММС
ММС

Објавено на: 03/7/19 10:33 AM

Поради гранатирањето на Кашмир, Индија на Пакистан му се закани со „страшни последици“

Њу Делхи побара од Пакистан веднаш да прекине со гранатирањето на територијата на Кашмир што ја контролира Индија во кое досега загинале четворица цивили.

Како што јавила индиската телевизија НДТВ, повикувајќи се на неименувани извори, продолжувањето на гранатирањето и провокациите во спорниот Кашмир ќе има „страшни последици“ за пакистанската страна. Како што се наведува, претставници на воените команди на армиите на двете земји разговарале за воспоставување систем за нивна итна комуникација.

Извори на НДТВ соопштиле дека Пакистан трупа дополнителни сили и воена техника долж Линијата на контрола што го дели спорниот регион Кашмир. Исламабад наводно почнал таму да префрлува единици од пакистанската граница.