Венецуела го прогласи германскиот амбасадор за персона нон грата – ММС
ММС

Објавено на: 03/7/19 10:30 AM

Венецуела го прогласи германскиот амбасадор за персона нон грата

Поради вплеткување во внатрешните прашања на земјата, Венецуела го прогласи германскиот амбасадор во таа земја, Даниел Кринер, за непожелна личност и е замолен во рок од 48 часа да ја напушти земјата, соопшти денеска Министертството за надворешни работи на Венецуела.

– Оваа постапка претставува закана упатена до Германија – рече венецуелскиот опозициски лидер Гваидо за „Шпигл“.

Германскиот амбасадор е прогласен за персона нон грата откако пред неколку дена, заедно со други странски дипломати, беше на дочекот на Гваидо на аердодромот во Каракас.

– Ова е несфатлива одлука, која доолнитело ги подигнува тензиите – вели германскиот министер за надворешни работи, кој додава и оти европската поддршка за Гваидо не се намалува.