Ердоган: Турција нема да се откаже од руските С-400, а можеби ќе купи и С-500 – ММС
ММС

Објавено на: 03/7/19 10:27 AM

Ердоган: Турција нема да се откаже од руските С-400, а можеби ќе купи и С-500

„Турција никогаш нема да се откаже од спогодбата за купување на одбранбените ракетни системи С-400 од Русија, а потоа би можела да ја разгледаме можноста за купување и на системи С-500“, изјавил вчера турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува „Ројтерс“.

Вашингтон претходно предупреди дека набавката на С-400 од Русија може да ги загрози спогодбите од областа на одбранбената индустрија со НАТО-сојузниците, а одлучи и да ја заврши преференцијалната трговија со Турција.