Американски новинар приведен во Венецуела – ММС
ММС

Објавено на: 03/7/19 9:19 AM

Американски новинар приведен во Венецуела

Безбедносните сили во Венецела вчера го привеле американскиот новинар, Коди Ведл од неговиот стан – соопштија адвокатите и групите за слобода на медиумите. Група од пет мажи во црни униформи, носејќи пишан налог, влегле во станот на Ведли. По два часа тие заедно со Ведли, кој носел голем куфер и торба со опрема, го напуштиле станот.

Ведли повеќе од четири години известуваше од Венецуела, а во последно време работеше како слободен новинар за Еј-Би-Си во Мајами. На сличен начин, од својот дом е одведен и помошникот на Ведли, Карлос Камачо на сличен начин бил одведен од неговиот дом.

Причините за ваквиот настан се’ уште не се познати.  Апсењето се случи истиот ден кога Владата на Венецуела соопшти дека го протерува амбасадорот на Германија, Данијел Мартин Кринер од Каракас поради мешање во внатрешните работи на земјата.