Што мислите, кој е најголемиот човеков орган? – ММС
ММС

Објавено на: 03/6/19 8:17 PM

Што мислите, кој е најголемиот човеков орган?

Сигурно не сте размислувале често на оваа тема па можеби и ќе ви звучи неверојатно, но одговорот на ова прашање е кожата!

Таа има површина од 1,7 до 2 метри квадратни (варира во зависност од висината и телесната градба), а 18% од тежината отпаѓа на кожата. Нејзината заштитна и сетилна улога е мошне значајна.

За здрава и свежа кожа најважни се витамините: А, Е, Ц и витаминот Б.

Витамин А содржат папајата и морковот, а го одржува младиот изглед на кожата без бори. Може да го конзумирате преку портокалите, жолтото и портокаловото овошје, зеленчук во листови и кисело млеко.

Витаминот Б го има во јогуртот, грашокот, печурките, сирењето, бадемите, месо, риба и житарици. Потребен е за чиста кожа, млад изглед и помага во борбата со кожни инфекции.

Витаминот Е го има во маслиновото масло, бадеми, лешници, темно зелен зеленчук, јајца и млеко. Помага при заздравување на раните и обновување на кожата. Спречува настанување на брчки и пеги.

Витаминот Ц е дел од јужното овошје, зелената салата, брокула, домати, малини, рибизли. Потребен е за производство на колаген кој го спрелува настанувањето на борите. Штити и од сончевите УВ зраци.

Покрај овие витамини за кожата е важно – бета каротен, внесување на течности (вода) и незасладени чаеви, прошетки на чист воздух.