Дел од почвата во тетовско е загадена со тешки метали – ММС
ММС

Објавено на: 03/6/19 7:29 PM

Дел од почвата во тетовско е загадена со тешки метали

Дел од почвата во тетовско е загадена, односно има присуство на тешки метали, покажаа испитувањата на невладините организации  Вила Зоран и Еко Герила.

Испитувањата покажале дека земјата е загадена со Арсен, кој е поврзан со сите болести во човековото тело, вели професорот Бесник Реџепи.

Мострите се земен  од почва во Општина Јегуновце и Тетово. Истата според невладините организации, може да се деконтаминира преку природен пат.

Испитувањата ќе продолжат и во наредниот период и на останатата земјоделска површина од тетовскиот регион. Во план е да се изработи стратегија, на кој начин да се исчисти земјоделската површина.

Зоран Димовски