Икарди најде начин да ги ескивира сите обврски и тренинзи во Интер – ММС
ММС

Објавено на: 03/6/19 4:43 PM

Икарди најде начин да ги ескивира сите обврски и тренинзи во Интер

Напаѓачот на Интер Мауро Икарди веќе речиси еден месец не тренира со остатокот од екипата.

Аргентинскиот напаѓач го навлече гневот на навивачите на Интер со постојаните скандали во кои е вклучена и неговата сопруга Ванда, а јасно порача дека нема намера да се враќа на теренот додека не му се врати капитенската лента.

Меѓутоа, засега нема назнаки дека Икарди би можел да ја добие лентата назад, иако претседателот на клубот Стивен Жанг прави се за да го реши проблемот во случајот Икарди.

Со оглед на тоа дека такво решение нема на повидок, Икарди реши да направи чекор и да ја заврши сезоната веќе во текот на март. Тој сака да замине на операција на коленото, а со тоа дефинитивно би ја завршил сезоната.

Интересно е секако дека прегледите на неговото колено, кои ги направи Интер, покажаа дека нема никаква повреда. Сепак, Икарди константно тврди дека е повреден и дека не може да игра или да тренира.

Во меѓувреме започна со терапии, а се очекува во следните денови да отпатува во Барселона на консултации со специјалистот за операции на колено, докторот Кугато.