Како Зидан уште пред една година го предвиде колапсот на Реал? – ММС
ММС

Објавено на: 03/6/19 4:38 PM

Како Зидан уште пред една година го предвиде колапсот на Реал?

Зинедин Зидан го водеше Реал Мадрид до три последователни титули во Лигата на шампионите.

Легендарниот фудбалер така и како тренер успеа да освои апсолутно се со „Кралевите“, но на изненадување на многумина на крајот од минатата сезона одлучи да си замине.

И очигледно знаел што прави. Реал оваа сезона игра катастрофално, а неговите замени, најпрво Хулен Лопетеги, а сега и Сантијаго Солари, не можат да ја пронајдат идеалната игра која ги красеше „Кралевите“ изминатите години.

Дека Зидан знаел дека следува колапс на Реал сега е видливо од неговите зборови кои ги даде на прошталната прес-конференција.

Французинот буквално предвиде дека нема шанси во оваа сезона нешто да биде како претходно, а освен тоа и играчите го надминаа својот зенит.

„Би било многу тешко да победувам и следната сезона. Имавме добри, но и тешки моменти. Тоа нема никогаш да го заборавам, но морате да го знаете ова: Не сакам да ја започнам сезоната и да имам очајни резултати. Сакам да си заминам од клубот додека сум на врвот. Тоа го направив како играч и сега како тренер. Сега е вистинскиот момент за тоа“, изјави Зидан пред нешто помалку од една година.