Песна посветена на Влатко Илиевски – ММС
ММС

Објавено на: 03/6/19 4:00 PM

Песна посветена на Влатко Илиевски

Елена Георгиевска, Матеа Илиева, Викторија Ефтимова и Анастасија Илиевска кои се членови на хорот “Златно Славејче” напишаа и снимија песна посветена на нивниот пријател и идол Влатко Илиевски, кој долги години беше на водителската позиција на фестивалот.

“Секогаш твоето име ќе го величиме и засекогаш ќе остане врежано во нашите срца. Со тебе пораснавме, се дружевме, а сега те нема… Ќе се потрудиме да го зачуваме твоето дело и никогаш да не бидеш заборавен!” – напишаа девојчињата.