Tриесет и седум годишниот В.Т од Росоман синоќа се обидел физички да нападне полициски службеници кои дошле во неговиот дом да извршат претрес. Тој најпрво ги попречувал да го извршат претресот, а потоа и се нафрлил кон нив, информираат од СВР Велес.
„ Синоќа во 21.00 часoт при обид на полициски службеници да извршат претрес во дом и други простории кај лицето В.Т.(37) во нас.Росоман, истиот се обидел да ги спречи во постапувањето и во еден момент се обидел и физички да ги нападне упатувајќи им закани. В.Т. е приведен во Полициската станица Кавадарци“ вели портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Од полицијата не откриваат повеќе детали зошто требало да се изврши претрес, а додаваат дека по целосно докуменитрање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ангел Данов


