Во стар бронзен ќуп кинески археолози ја пронајдоа мистериозната течност, односно „еликсирот на бесмртноста“, кој се споменува во старите кинески текстови, пишува „Science Alert“.
Чудната жолтеникава течност истражувачите ја откриле кон крајот на 2018 година во текот на ископувањата во кинеската провинција Хенан, но дури подоцна сфатиле дека се работи за напитокот за кој древните Кинези сметале дека му дава бесмртност на оној што ќе го испие.
– Ова е првпат археолози во Кина да го пронајдат митскиот напиток за бесмртност. Течноста има значајна вредност зашто ќе им овоможи на научниците да ги проучуваат древните кинески мисли за постигнување на бесмртноста и сознанијата за еволуцијата на кинеската цивилизација – вели Ши Јиазен, шеф на Институтот за реликвии и археологија.


