Индија и Пакистан повторно се гранатираат во Кашмир – ММС
ММС

Објавено на: 03/6/19 1:21 PM

Индија и Пакистан повторно се гранатираат во Кашмир

И покрај зголемените дипломатски напори за надминување на тензиите, индиските и пакистанските војници денеска повторно ги гранатираа воените позиции, но и села долж границата во Кашмир.

Двете војски, како што јавуваат новинските агенции, меѓусебно се обвинуваат која прво почнала со пукањето и гранатирањето. Засега нема извештаи за евентуални жртви.