Со внучето во количка се заглавиле на шини! Возче во забавен парк налета на баба и дете (Видео) – ММС
ММС

Објавено на: 03/6/19 11:55 AM

Со внучето во количка се заглавиле на шини! Возче во забавен парк налета на баба и дете (Видео)

Излегувањето на една баба со нејзиното внуче од забавен парк во Торонто не завршило баш најдобро. Се’ се искомплицирало кога старицата сакала да помине преку шините по кои поминува едно од возчињата во паркот. Меѓутоа, едно од тркалцата на детската количка се заглавило, а таа немала доволно сила, ниту пак брзина за да го извади од таму.

Во меѓувреме се спуштиле и рампите, па бабата и бебето останале „заробени“. На нивна несреќа, наишол и возот по што тие паднале, но сепак не се здобиле со потешки повреди.