Американец со љубезен чин дошол до добивка на лотарија од 1,5 милијарда долари – ММС
ММС

Објавено на: 03/6/19 11:24 AM

Американец со љубезен чин дошол до добивка на лотарија од 1,5 милијарда долари

Добитникот на повеќе од 1,5 милијада долари на лотарија сакал да остане анонимен, а од Лотаријата соопштуваат дека е од местото Симпсонвил во Јужна Каролина, САД. Додаваат и оти при купувањето имало многу интересна ситуација – добитникот на џекпотот во продавницата бил љубезен, па преку ред му овозможил на друг купувач пред него да купи тикет, а потоа тој го купил добитното ливче.

„Едноставно, љубезноста му ја донесе големата добивка“, се наведува во соопштението на Лотариската комисија.

Шансите за освојување на главната награда биле еден спрема 303 милиони. Оваа добивка од 1,537 милијарди долари била втора по големина во историјата на американските игри на среќа, по добивката од 1,586 милијарди долари во 2016 година во играта „Пауербол“.

Добитникот од Јужна Каролина се определил одеднаш да земе помала сума од „само“ 877 милиони долари. Ако, пак, се определил за втората опција – сите 1,537 милијарди долари ќе требало да ги зема на рати во следните 29 години.