Скопјанка почина по удар од камион – ММС
ММС

Објавено на: 03/6/19 11:21 AM

Скопјанка почина по удар од камион

Седумдесет и двегодишна жена починала вчера во селото Петровец, откако ја прегазил камион – соопшти денеска МВР.

Камионот, кој имал скопски регистарски ознаки бил управуван од четириесет и двегодишен маж од Катланово. По несреќата, со возило на Итната медицинска помош била пренесенa во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, но по неколку часа им подлегнала на повредите.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.