Северна Кореја на работ на глад? – ММС
ММС

Објавено на: 03/6/19 11:20 AM

Северна Кореја на работ на глад?

Според извештајот на ОН, производството на храна во Северна Кореја паднало на најниско ниво во последната деценија, оставајќи милиони жители без доволно храна, пишува СНН.

Се проценува дека 11 милиони луѓе во земјата биле загрозени. ОН затоа побарал помош од 120 милиони долари за да им се помогне на жителите.

И други години Северна Кореја  имала сериозни недостатоци од храна, а најтешко било во 1990-тите. Во тие години, иако нема официјални информаиции, се верува дека речиси десет отсто од населението умрело од глад.