Путин на Србија и’ дал тајно оружје, со кое од Ниш се планирала инвазија на Косово? – ММС
ММС

Објавено на: 03/6/19 11:16 AM

Путин на Србија и’ дал тајно оружје, со кое од Ниш се планирала инвазија на Косово?

Српски медиуми пренесуваат дека во изминатите неколку дена повеќе албански портали објавиле оти Владимир Путин и Русија на Србија и’ дале „моќно софистицирано оружје“, кое било пренесено во руско-српски хуманитарен центар во Ниш и оттаму наводно ќе биде употребено за инвазија на Косово.

„Русија сака насилен судир меѓу Косово и Србија за да го дискредитира косовскиот проект и да ги збуни САД и НАТО во регионалните спорови“, пишуваат медиуми од Албанија, додавајќи дека хуманитарната база во Ниш всушност била шпионски центар за земјите од регионот.

Српскиот воено-политички коментатор Мирослав Лазански за белградски медиуми тврди дека таквите информации биле најобични глупости.