Српски медиуми пренесуваат дека во изминатите неколку дена повеќе албански портали објавиле оти Владимир Путин и Русија на Србија и’ дале „моќно софистицирано оружје“, кое било пренесено во руско-српски хуманитарен центар во Ниш и оттаму наводно ќе биде употребено за инвазија на Косово.
„Русија сака насилен судир меѓу Косово и Србија за да го дискредитира косовскиот проект и да ги збуни САД и НАТО во регионалните спорови“, пишуваат медиуми од Албанија, додавајќи дека хуманитарната база во Ниш всушност била шпионски центар за земјите од регионот.
Српскиот воено-политички коментатор Мирослав Лазански за белградски медиуми тврди дека таквите информации биле најобични глупости.


