„Блиц“: „Фолксфаген“ не ја потврдува инвестицијата во Србија – ММС
ММС

Објавено на: 03/6/19 9:34 AM

„Блиц“: „Фолксфаген“ не ја потврдува инвестицијата во Србија

Се’ уште нема потврда дали германскиот автомобилски гигант „Фоксваген“ новата фабрика ќе ја отвори во Србија, како што неофицијално беше пренесено. Германскиот амбасадор во Србија Томас Шиб во интервју за српски „Курир“ вели дека тоа би било добра вест, со оглед на фактот дека  германските компании кои работат во Србија се задоволни и вработуваат околу 50.000 работници.

-Слушнавме за оваа вест, но немаме потврда. Тоа зависи од” Фолксваген”, кој треба да потврди. И ние слушнавме од различни медиуми. Од моја гледна точка, ако ова се потврди тоа ќе биде голема вест. Околу 400 германски компании се веќе во Србија. Постои позитивен тренд, додека бројот на работни места на германските компании е околу 50.000. Овој број е импресивен и мислам дека расположението меѓу германските инвеститори е многу добро. Оптимистички гледано, секогаш е можно да се подобрат работите”, вели германскиот амбасадор Шиб.

На прашање на весникот „Блиц“, директорот за корпоративни комуникации на „Фолксфаген“ Марк Ландердорф изјавил дека нема конечна одлука каде ќе се гради фабриката, но,  не негирал дека оваа компанија може да дојде во Србија.

-Што се однесува до новата фабрика во Источна Европа може да се каже дека во моментов се истражуваат различни опции и дека досега не е донесена одлука. Што се однесува до прашањата поврзани со инвестиции во Србија, не коментираме за нашите планови за одредени земји”, рече Ландендорф.

Блиц претходно најави од неофицијални извори дека конечната одлука за отворање на фабриката на „Фолксваген“ во Србија ќе биде објавена на крајот на април. Тоа е инвестиција во вредност од околу 1,4 милијарди евра, а планирано е фабриката да вработи  5.000 работници и 650 инженери.

Според проценките, оваа инвестиција за српскиот извоз може да придонесе со 4,5 милијарди евра, но според информациите во игра за новата фабрика на германскиот автомобилски гигант освен Србија се и Романија и Бугарија.

Претходно и македонскиот премиер Зоран Заев изјави дека и Македонија е во сериозно разгледување за отворање на новата фабрика на “Фолксваген“, за што добил уверување од германската канцеларка Ангела Меркел дека ќе помогне. Оваа изјава беше критикувана изминатиот викенд кога српските медиуми објавија неофицијална информација дека германската компанија одлучила да инвестира во Србија.