Музејот на македонската борба за државност и самостојност – Музеј на Внатрешната македонска револуционерна организација и музеј на жртвите на комунистичкиот режим, е една од 136-те институции кое доби ново, променето име согласно прораките на Владата, што следат со Преспанскиот договор. Познат како Музеј на ВМРО, е именуван во Музеј на македонската борба за самостојност.
Музејот беше основан со одлука на Владата во 2008 година, а пуштен во употреба на 8 септември 2011 година. Неговата изградба чинеше 17 милиони евра и во него, меѓу другото, има 109 восочни фигури од личности од македонската историја.