Интензивно се гради резервоарот за вода во селото Борино – ММС
ММС

Објавено на: 03/5/19 5:51 PM

Интензивно се гради резервоарот за вода во селото Борино

Во крушевското село Борино наскоро се очекува да биде готов резервоарот за вода за пиење кој ќе опслужува околу 440 жители.

Како што информираа крушевскиот градоначалник Томе Христоски и директорот на јавното комунално претпријатие „Комуна“ Наум Илиески кои го посетија Борино, истакнаа дека работите на изградбата се интензивираат.

Иако изградбата се заговарала преку 30 години, проектот почна минатата година.

-Ја следиме изградбата на резервоарот за питка вода. Очекуваме брзо да биде оспособен и ставен во функција, изјави Христоски.

МИА