МРТВ станува Национална Радиотелевизија – Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 03/5/19 5:34 PM

МРТВ станува Национална Радиотелевизија – Скопје

Македонски народен театар – МНТ станува Национална установа Македонски народен театар – Скопје. Тоа е само еден пример какви се препораките од Владата за промена на имињата на националните установи и други институции основани од државата. Владата денеска даде упатство до институциите, кои што имаат „Република Македонија“ во името се задолжени тоа го променат во „Република Северна Македонија“, додека институциите кои имаат „македонски/македонска“ во името треба да го заменат со „национални/национална“.

Со ова одлука опфатени се 136 институции.

Одлуката, како што соопшти владината прес-служба, е донесена по предлог на Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните.

Владата на седницата ги задолжи институциите да извршат и проверка дали се променети сите дигитални записи (логоа, меморандуми, електронски комуниказии, веб-странци, медиуми,…), како и меморандумите, печатените материјали, папките, индикаторите, согласно заклучоците број 4 и број 5 од 120. седница, и во рок од седум дена до Меѓуресорска работна група да достават збирен извештај дали е извршена бараната измена и до кој степен.

Во прилог е листата на институции со новиот назив.

Листа на институции со новиот назив