Старо – нови ветувања на Теута Арифи на церемонијата по повод денот на општината    – ММС
ММС

Објавено на: 03/5/19 4:01 PM

Старо – нови ветувања на Теута Арифи на церемонијата по повод денот на општината   

Општина Тетово со свечена церемонија го прослави денот на општината 3 март. Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, вети голем број инфраструктурни проекти кои ги најавува секоја година, но никако да се реализираат на терен.

Арифи и оваа година пред присутните на манифестацијата, вети дека општината годинава ќе ги пробие булеварите Благоја Тоска и Индустриска. Рече дека оваа година ќе започне да работи јавното претпријатие градски превоз, откако ќе набави нови автобуси.

Овие ветувања Арифи ги дава секоја година, но на терен не се реализираат. Истите се значајни за растеретување на сообраќајот, но општината очигледно нема слух за проблемот кој го решава само на хартија и со ветувања. На терен само се реализираат ситни инфраструктурни проекти и зафати, како асфалтирање на улици, по некое зазеленуавње културна манифестација и слично.

На денот на општината беа доделени голем број на благодарници на заслужни граѓаните од јавниот и политички живот.

Церемонијата по повод денот на општината 3 март, годинава се одржа во реновираната сала на Општина Тетово, која доби нов лик заедно со останатиот внатрешниот дел од зградата на Општина Тетово.