Обвинителството истражува како се случила смртта кај новороденчето во струмичко Баница откако неговата мајка во неделата била примена во болница со обилно крварење. Бебето било пронајдено во септичка јама, а родителите во струмичката болница тврделе дека не станува збор за породување. 19- годишната девојка во неделата била примена на болница, но и таа и нејзините тврделе дека немало породување, по што дежурниот лекар случајот го пријавил во полиција.
-При прегледот на домот на повеќе места биле пронајдени докази, кои укажуваат дека имало породување. Направен е увид од полициски службеници и јавен обвинител и пронајдено е починато тело на новороденче, информираа од полицијата.
Дежурниот лекар Митко Киров, тврди дека девојката дома било нестручно породена и обилно крварела во неделата пред полноќ, откако била носена и во Итната помош.
-Тие прво биле во дежурната амбуланта во обилно крварење. Изговорот бил дека имале однос со дечкото и затоа крвари. Меѓутоа, при прегледот утврдив дека се работи за породување. Имаше доста обилно крварење, пацинетката беше скоро искраварена и шокирана, затоа што имаше остатоци од постелката. Под итно се направи ревизија тука на одделението, крварењето се смири. Најверојатно имала помош за време на раѓањето, нестручно е водено, со повеќе расцепи, рече доктор Киров, според кого, сега здраствената состојба на девојката од баница се стабилизира . По наредба на Јавен обвинител мртвото тело на бебето е предадено на обдукција. Земени се примероци од крв за анализа од мајката,и нејзините најблиски но и партнерот.. По насоки на јавниот обвинител, се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ке се знае против кого ќе биде понесен обвинителен акт.