Се отвораат понудите за уште едно радио на национално ниво – ММС
ММС

Објавено на: 03/5/19 1:26 PM

Се отвораат понудите за уште едно радио на национално ниво

Во АВМУ во тек е јавното отворање на понудите за доделување дозвола за радио емитување на програмски сервис, говорно – музичко радио од специјализиран формат кај кое доминантниот вид на програма има забавна функција, на албански и на македонски јазик, на државно ниво. Радиото е предвидено да емитува преку мрежа на радиофреквенции определени од страна на Агенцијата за електронски комуникации на Република Македонија.Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, донесе Одлука Уп1 бр.08-527 од 23.11.2018 година со измена од 25.01.2019 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.216/18 и бр.18/19), за објавување на јавен конкурс

Крајниот рок за поднесување на пријави за учество на јавниот конкурс беше до 25.02.2019 година. Пријавите кои ќе бидат поднесени на овој конкурс, треба да бидат јавно отворени, една недела по истекот на рокот за поднесување на пријавите.