Со 200 килограми, нема појас во автомобил што може да го „врзе“, па плаќа казни – ММС
ММС

Објавено на: 03/5/19 12:20 PM

Со 200 килограми, нема појас во автомобил што може да го „врзе“, па плаќа казни

Светислав Благоевиќ (67) од Јагодина, Србија, е на голема мака. Возачка дозвола има речиси половина век, не може без автомобил, но во последните десет години, бидејќи ги „нафрлил“ килограмите на речиси 200, нема автомобилски појас што може да го „врзе“.

– Деновиве при контрола ме сопре полиција. Ми напишаа казна зашто не сум ставил појас. Му покажав на полицаецот дека не можам да го врзам. Но, ми рече – мора да платиш. Бидејќи не го потпишав записникот, ми напишаа пријава, па ќе мора да одам кај судија за прекршоци – вели Благоевиќ за „Новости“.

Во Агенцијата за сигурност во сообраќајот истакнуваат дека во таков случај појасот треба да се продолжи, а потоа да се изврши атест. Но, Благоевиќ прашува како да се вози и како совозач со пријател или во такси, кога и таму нема да може да врзува појас, а на задно седиште, освен во комби, тешко можел да се смести.