Кина објави дека за 7,5 отсто, односно за 177,6 милијарди долари, ќе го зголеми буџетот за одбрана за оваа година, со цел за модернизација на опремата и проширување на военото присуство во странство.
Порастот на средствата за одбрана е помал од ланскиот, кога беше 8,1 отсто, бидејќи кинеското стопанство е под притисок на трговската војна со САД и порастот на државниот долг. Но, и 7,5 отсто е над планираниот стопански раст од 6,5 отсо за годинава во Кина, пренесуваат агенциите.
Тајван и територијалните спорови во Јужното Кинеско Море се меѓу главните проблеми и приоритети на Пекинг.


