Кина и годинава со поголем воен буџет – ММС
ММС

Објавено на: 03/5/19 10:34 AM

Кина и годинава со поголем воен буџет

Кина објави дека за 7,5 отсто, односно за 177,6 милијарди долари, ќе го зголеми буџетот за одбрана за оваа година, со цел за модернизација на опремата и проширување на военото присуство во странство.

Порастот на средствата за одбрана е помал од ланскиот, кога беше 8,1 отсто, бидејќи кинеското стопанство е под притисок на трговската војна со САД и порастот на државниот долг. Но, и 7,5 отсто е над планираниот стопански раст од 6,5 отсо за годинава во Кина, пренесуваат агенциите.

Тајван и територијалните спорови во Јужното Кинеско Море се меѓу главните проблеми и приоритети на Пекинг.