Почина жената што ги загуби сите шест сина во воените години во БиХ – ММС
ММС

Објавено на: 03/5/19 10:30 AM

Почина жената што ги загуби сите шест сина во воените години во БиХ

Сребреничката мајка, Зејна Суљиќ, на која во периодот на војната во Босна и Херцеговина и’ ги убија сите шест синови, снаата и двата внука, почина на 85 години. Оваа вест на својот профил ја објавил Алија Табаковиќ, претседател на Собранието на општината Сребреница, а ја пренесува сараевски „Дневни аваз“.

На 8 мај 1992 година во Сребреница на свиреп начин и’ се убиени синот Исмет, снаата Мушка и внуците Нисвет (13) и Незир (11). Во геноцидот во 1995, пак, убиени и’ биле и другите пет синови – Бекта, Јусуф, Хајро, Нусир и Фадил.