Предизвик: Дали би оделе на работа со велосипед, доколку компанијата ви плаќа за тоа ? – ММС
ММС

Објавено на: 03/5/19 9:10 AM

Предизвик: Дали би оделе на работа со велосипед, доколку компанијата ви плаќа за тоа ?

Знаете ли дека на светот постојат повеќе од милијарда велосипеди? Покрај тоа што возењето велосипед е здраво, тоа е и економично, а да не спомнуваме и дека на тој начин ја зачувувате природата. Во продолжение прочитајте пет причини поради кои едноставно мора да имате велосипед.

Здрав е за телото
Ја поттикнува работата на кардиоваскуларниот систем, ја зголемува кондицијата, а корисен е и за согорување на калории. Секој ден ќе работире на линија без одење во теретана.

Здрав за умот

Возењето велосипед го намалува стресот, а независно од тоа дали го возите од

забава или ви служи како средство за превоз до работа, со велосипед ќе стигнете посреќни, полни со енергија и многу по опуштени.

Здрав за околината
Земјите ширум светот се обидуваат да ја намалат емисијата на штетни гасови кои ги произведуваат автомобилите, а велосипедот е одлично средство за борба против тоа. Освен што ќе бидете посреќни и фит, ќе се чувствувате добро бидејќи ќе знаете дека правите нешто добро за околината.

Практичен
Метежот на патиштата поради кои многу возачи губат нерви? Тоа на велосипедистите не значи ништо. Тенок, брз и способен да се провлече низ најтесниот премин, велосипедот ќе се претвори во сојузник кој ви заштедува време, а ќе ги избегнете и скапите паркинзи.

Здрав за паричникот
Бензинот кој автомобилите го голтаат е голем удар за паричникот, а слично важи и за градскиот јавен превоз. Под услов да имате кацига и да возите според прописите, возењето велосипед е најевтино возење, а бесплатните нешта секогаш се најдобри.

По сите овие преднсти кои ги прочитавте, дали би го прифатиле предивикот да одите на работа со велосипед, а при тоа компанијата да ви плаќа за тоа?
Ова прашање во голем број европски земји би било глупаво да се постави затоа што едностано тие не би можеле животот да си го замислат без нивното економично превозно средство на две тркала. А кога сме кај предизвикот маркетиншката компанија „Мејк Колектив“ од Кристчрч поттикна необична иницијатива – на секој вработен кој на работа ќе пристигне со велосипед, ќе му плаќа пет новозеландски долари на ден.

Ако вработените продолжат со оваа здрава навика, сумата двојно ќе се зголеми. Вкупниот бонус од возење велосипед ќе им се исплааќа во една исплата на крајот од годината.

Сопственикот на компанијата, Тим Чеснеј, инаку и самиот љубител на велосипедизмот, се надева дека на овој начин ќе ја зголеми енергијата и здравјето кај своите вработени, што би довело до помалку боледувања.

Елиот Гилмор е еден од мотивираните вработени кој одлучил да го прифати предизвикот од својот шеф, иако признава дека не секогаш е лесно. „Најтешко ми е да дојдам на себеси штом стигнам на работа, но во секој случај треба да возиме велосипед за нашето здравје“, вели Елиот.