Врховниот суд им го укина куќниот притвор на Камчев,Панделевски и Јосифовиќ – ММС
ММС

Објавено на: 03/4/19 4:49 PM

Врховниот суд им го укина куќниот притвор на Камчев,Панделевски и Јосифовиќ

Бизнисменот Орце Камчев излегува од куќен притвор. Врховните судии ја прифатија неговата жалба како и на неговите бизнис ортаци, Цветан Панделевски и Ненад Јосифовиќ. Неофицијално одлуката врховните судии ја донеле во петокот. Тие се осомничени во случајот „Империја“ на СЈО за перење пари и измама.

Осомничен е и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков кој во петокот исто така поднесе жалба до највисокиот суд. Пред еден месец Врховните судии донесоа правно мислење со кое СЈО го прогласија за неовластен тужител за сите истраги и обвиненија кои ги отвориле по 30 јуни 2017 година.

Во „Империја“ осомничени се вкупно 13 лица а СЈО се сомнева дека државниот буџет е оштетен за над 6 милиони евра а испрани се преку 10 милиони евра.

За ослободувањето на Камчев и останатите осомничени во Империја засега нема коментар од СЈО.Од таму велат дека се уште не ја добиле одлуката на Врховен..