Јувентус со нов клубски рекорд – ММС
ММС

Објавено на: 03/4/19 4:26 PM

Јувентус со нов клубски рекорд

Јувентус постави нов клубски рекорд откако го победи во Наполи во Неапол со 2:1 во дербито на италијанскиот фудбалски шампионат.

Гигантот од Торино не доживеа пораз во 26-тата последователна посета во Калчото. За последен пат, „црно-белите“ загубија од Сампдорија со 2:3 во Џенова во ноември 2017 година.

Јувентус е блиску до осмата последователна титула на Италија, откако води 16 поени на табелата пред вториот Наполи, пред крајот на сезоната.

Неаполитанците за прв пат изгубија како домаќини оваа сезона на сите турнири. Последниот пораз на тимот на „Сан Паоло“ беше од Рома со 2:4 пред една година во Серија „А“.