БИХ: Уапсен пешак со 4,46 промили алкохол во крвта – ММС
ММС

Објавено на: 03/4/19 4:20 PM

БИХ: Уапсен пешак со 4,46 промили алкохол во крвта

Викендов во босанскиот град Зворник бил  уапсен пешак кој имал 4,46 промили алкохол во крвта,објави mondo.ba

Локалната полиција соопшти дека 69-годишниот маж е задржан во станица сѐ до негово отрезнување.

Инаку, ниво повисоко од 4,00 промили алкохол во крвта може да доведе до алкохолна кома.

– Се препорачува и пешаците да не се движат по коловоз под дејство на алкохол, поради општата безбедност во сообраќајот, се наведува во полицискиот извештај.