Најнова верзија на „калашников“ ќе се произведува во Индија – ММС
ММС

Објавено на: 03/4/19 1:20 PM

Најнова верзија на „калашников“ ќе се произведува во Индија

Во градот Амети во индиската сојузна држава Утар Прадеш во саботата е отворена фабрика во која ќе се произведува најновата верзија не легендарната руска јуришна пушка „АК-47“, попозната како „калашников“.

Фабриката ја изгради заедничко индиско-руско претпријатие, а капацитетот е 700.000 парчиња годишно.