Пред три децении најбогатиот жител на Словенија бил вајар, на Србија – пејач, а во Македонија и во цела СФРЈ – скопски угостител – ММС
ММС

Објавено на: 03/4/19 1:13 PM

Пред три децении најбогатиот жител на Словенија бил вајар, на Србија – пејач, а во Македонија и во цела СФРЈ – скопски угостител

Повеќе балкански медиуми пренесоа информација за десетте најбогати американски семејства, кои вкупно „тежат“ 530 милијарди долари. „Еспресо“, пак, пренесува текст од 1989 година од тогашното списание „Топ“ за најбогатите Југословени според заработката и данокот што го платиле во 1988, две-три години пред распадот на тогашна Југославија.

На списокот најбогати има приватни угостители, пејачи и композитори, трговски патници, претставници на странски фирми, фудбалери, по некој ликовен уметник, новинар, универзитетски професор… Политичари немало.

Така, во Словенија највисок приход од 77 милиони динари пријавил академски вајар, во Хрватска трговски претставник заработил 61 милион, во Србија, пак, пејач на народна музика со заработка од 142 милиона динари, а во Македонија, но и вкупно во цела СФРЈ, најмногу – 171 милион динари пријавил приватен угостител од Скопје. Имињата се држеле во тајност.