Брачна двојка канибали го згрози светот – ММС
ММС

Објавено на: 03/4/19 11:39 AM

Брачна двојка канибали го згрози светот

Русинката Наталија Бакшева (43), осомничена дека е дел од канибалската двојка што изела десетина жртви, е осудена на 11,5 години затвор. Таа е прогласена за виновна поради тоа што го поттикнувала својот сопруг Димитриј Бакшев (35) да ја убие 35-годишната келнерка Елена Вашрушова.

Судењето на Наталија се донесува само за убиството на келнерката Елена, чии остатоци од исеченото тело биле пронајдени во семејниот фрижидер, во ладилникот и на шпоретот на Бакшеви. Бакшева порано го признавала канибализмот, потоа почнала да го негира пред истрагата.

Со поединечно судење во Русија ќе се соочи и нејзиниот сопруг Димитриј, познат по прекарот Ѓаволот, откако неодмана било утврдено дека е психијатриски способен.