По одлуката на САД за еднострано повлекување од Договорот за средните нуклеарни сили, кинеското Министерство за надворешни работи изрази силно противење на тој потег, а германската министерка за одбрана, Урсула ван дер Лајен, рече дека кинеските проектили од среден домет може да стигнат во Русија.
На прашањето дали постојниот Договор би можел да биде сочуван и дали во него би можела да биде вклучена и Кина, германската министерка изјави дека Москва има интерес да го вклучи и Пекинг во „некој вид спогодба за разоружувањето“, „зашто, како што руските ракети се закана за Европа, така и кнеските ракети се закана за Русија“.
Повеќе германски минситри и дипломати веќе изразија загриженост поради пропаста на Договорот.


