Кинеските ракети и’ се закануваат на Русија? – ММС
ММС

Објавено на: 03/4/19 10:42 AM

Кинеските ракети и’ се закануваат на Русија?

По одлуката на САД за еднострано повлекување од Договорот за средните нуклеарни сили, кинеското Министерство за надворешни работи изрази силно противење на тој потег, а германската министерка за одбрана, Урсула ван дер Лајен, рече дека кинеските проектили од среден домет може да стигнат во Русија.

На прашањето дали постојниот Договор би можел да биде сочуван и дали во него би можела да биде вклучена и Кина, германската министерка изјави дека Москва има интерес да го вклучи и Пекинг во „некој вид спогодба за разоружувањето“, „зашто, како што руските ракети се закана за Европа, така и кнеските ракети се закана за Русија“.

Повеќе германски минситри и дипломати веќе изразија загриженост поради пропаста на Договорот.