Одборот за правни прашања почнува истрага против Трамп – ММС
ММС

Објавено на: 03/4/19 9:23 AM

Одборот за правни прашања почнува истрага против Трамп

Одборот за правни прашања при Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ќе почне истрага против претседателот на САД, Доналд Трамп и неговите соработници поради можни опструкции на правдата, корупција и злоупотреба на овластувањата.

Претседавачот со Одборот, демократот Џери Надлер изјави дека денеска ќе бидат побарани документи од над 60 луѓе од администрацијата на Трамп, семејството и деловните партнери, во рамки на проширување на истрагата за руското мешање во американските избори во 2016 година. Надлер истакна дека Одборот ќе побара документи од Министерството за правда, но и од финансискиот директор на „Организацијата Трамп“ Ален Вајселберг, но и од синот на претседателот, Доналд Трамп Помладиот.

Одборот, исто така, го повика поранешниот вршител на должност државен обвинител, Метју Витекер и планира повторно да го сослуша то текот на следните недели.

 

Извор: Македонска информативна агенција