Седница на Работниот комитет за европски интеграции – ММС
ММС

Објавено на: 03/4/19 9:03 AM

Седница на Работниот комитет за европски интеграции

Работниот комитет за европски интеграции денеска ќе ја одржи 42-та седница. Седницата, во својство на претседател на Комитетот, ќе ја води вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, а на седницата, покрај државните секретари на министерствата, ќе присуствуваат и претседавачите на поткомитетите, генералниот секретар на Владата, како и дел од администрацијата на Секретаријатот за европски прашања.

На состанокот ќе биде разгледан статусот на имплементација на Планот 18, како и претстојната динамика за реализација на потребните реформи согласно преземените обврски, ќе биде разгледан статусот на оценските мисии и обврските по нивните заклучоци, активностите за текот на објаснувачкиот скрининг и предизвиците на преговарачката структура.

Со оглед на актуелноста на темата, на состанокот на комитетот ќе присуствува и Заменикот на Главниот преговарач и Главен технички преговарач со Европската Унија.