Висечки мост кој може да издржи дури 9 степени според Рихтер !!! – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/19 5:37 PM

Висечки мост кој може да издржи дури 9 степени според Рихтер !!!

SkyBridge е 439 метри долг висечки мост кој се издигнува 207 метри над долината Краснаја Полијана во Сочи. Дел е од адреналинскиот SkyPark во овој руски град кој е изграден според замислата на славниот холандски пустолов А.Џ. Хакет.

Иако од птичја перспектива изгледа многу опасен конструкторите кои на него работеле тврдат дека е исклучително цврст и стабилен. Во неговата изградба се потрошени 740. тони челик и 2.000 кубни метри бетон. Направен е така да може да се спротивстави на оркански ветрови, дожд, снег и урагани, па дури и земјотреси од 9.степени по Рихтер.