Пандев го забележа 400-от натпревар во Серија А! – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/19 5:30 PM

Пандев го забележа 400-от натпревар во Серија А!

Горан Пандев влезе во одбрана друштво, Македонецот стана само вториот активен странец (вкупно шестиот) со 400 натпревари во Серија А. Напаѓачот денеска одигра 45 минути против Фросиноне и стана дел од историјата во Калчото

Од активните играчи кои не се од Италија, само Самир Хандановиќ може да се пофали со 400+ натпревари.

Горан Пандев, кој речиси целата своја кариера ја помина на „чизмата“ се наоѓа на 66-та позиција на вечната листа во Серија А, и до крајот на сезоната може да влезе во топ 50 фудбалери по бројот на настапи.

Тој се обиде да го прослаив овој голем јубилеј со погодок и три бода, се трудеше да ја затресе мрежата на гостите, но Фросиноне храбро се бранеше и се избори за 0-0.