Горан Пандев влезе во одбрана друштво, Македонецот стана само вториот активен странец (вкупно шестиот) со 400 натпревари во Серија А. Напаѓачот денеска одигра 45 минути против Фросиноне и стана дел од историјата во Калчото
Од активните играчи кои не се од Италија, само Самир Хандановиќ може да се пофали со 400+ натпревари.
Горан Пандев, кој речиси целата своја кариера ја помина на „чизмата“ се наоѓа на 66-та позиција на вечната листа во Серија А, и до крајот на сезоната може да влезе во топ 50 фудбалери по бројот на настапи.
Тој се обиде да го прослаив овој голем јубилеј со погодок и три бода, се трудеше да ја затресе мрежата на гостите, но Фросиноне храбро се бранеше и се избори за 0-0.