Заев ги потсети другарите и другарките дека треба да се стави крај на корупцијата – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/19 1:08 PM

Заев ги потсети другарите и другарките дека треба да се стави крај на корупцијата

Со говорот на лидерот Зоран Заев, напладне во Скопје почна 23-от Конгрес на Социјалдемократскиот сојуз. Конгресот што беше најавен за избор на кандидат за претседател, само ќе го потврди Стево Пендаровски, што претходно, во петокот го прифатија 31 партија, меѓу кои и од коалициониот партнер ДУИ.

– Целото наше внимане сега е насочелно кој домашните работи – се’ што до сега направивме беше да го вратиме животот тука. Шансата што ја создадовме е во наши раце и да го искористиме полетот. Да изградиме земја со фер општество, со подобри плати, здравство, социјален систем.Секој наш член  и секој граѓанин да дадеме максимален ангажаман за да ги оствариме нашите цели.Сега е време сите да сработиме дома, во татковината, рече Заев.

При тоа, тој упати порака до членството до неговите, како што рече „другари и другарки“.

-Треба да се стави крај на корупцијата, да се работи домаќински, посветено и внимателно, да се внимава на етичките норми и да им покажат институциите на сите што сакаат да ги злоупотребат. Да ја направиме нашата земја со растечка економија. Примената бара работа и верба секој ден од секој од нас. Да изградиме солидарна Република Северна Македонија, порача Заев.

Од говорницата лидерот предизвика стоечки овации со споменувањето на имињата на тројцата сериозни претенденти за претседателски кандидат – Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска  и Никола Димитров, за кои рече дека се мотори на владата и реформите. Меѓутоа,  Стево Пендаровски е кандидатот за претседател околу кои се обединија партиите, Македонци, Албанци, Турци, Роми…

-Уверени сме дека тоа е нашиот предлог за победа, новиот претседател на нашата земја. Се обединивме со огромно политичко мнозинство. За прв пат имаме обединување околу еден кандидат, за да обезбедиме претседател на сите наши граѓани. Ќе одиме заедно долж и попреку низ целата наша убава земја. Стево Пендаровски ќе биде претседсел на РСМ, убеден е Заев.

Со овој говор заврши отворениот дел од Конгресот, кој повторно ќе биде отворен на крајот кога ќе се обрати избраниот кандидат за претседател на државата.

Одлуката за заедничкиот кандидат треба да биде верификувана во органите на секоја од партиите.

Вчера на Централно собрание НДП даде подршката за консензуалниот кандидат за претседателските избори на Северна Македонија, Стево Пендаровски, како и ДОМ од каде сметаат дека Пендаровски го има потребното професионално и политичко искуство за компетентно извршување на оваа висока државна функција и од СДУ кои изразија безрезервна поддршка за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21 април, а вториот ќе се одржи на 5 мај.

Покрај Пендаровски, кандидати се и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова и амасадорот и универзитетски професор Блерим Река кој доби поддршка од Алијансата на Албанците и БЕСА.

Потписи за кандидатура собираат уште неколку претенденти за функцијата претседател на државата.