Во Бугарија уапсен најбараниот шпански наркобос – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/19 12:18 PM

Во Бугарија уапсен најбараниот шпански наркобос

Најбараниот шпански шверцер на дрога, Ј.С.А., e уапсен во Бугарија,објави шпанската цивилна гарда.

Тој e уапсен во бугарскиот град Варна, со изменет личен опис и додека се подготвувал да замине за Венеција, објави БТА.

Во објавената информација  е наведено,дека  Ј.С.А. одиграл клучна улога во криминалната организација што ги снабдува Шпанија и остатокот од Европа со кокаин од Јужна Америка и која е вмешана во перење пари.

По него беше распишана потерница во 2013 година, а откриен е откако специјалните агенти дознале дека се крие во Варна и дека го променил својот личен опис здебелувајќи се повеќе од 50 килограми.

Во времето на неговото апсење, кај него се најдени лажни документи.