Жител на Облешево бил тешко повреден откако бил удрен од автомобил, вчера на магистралниот пат Штип-Кочани, информираше МВР.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 19.15 часот кај Облешево. Тогаш автомобил „опел“ со скопски регистарски ознаки, управуван од П. В. (53) од струмичко Вељуса, удрил во пешакот В. П. (74) од Облешево.
Старецот со тешки повреди бил пренесен во Клиничка болница-Штип.
По овластување на јавен обвинител, увид на лице место извршила екипа од ПС-Кочани. Се работи на расчистување на случајот.


