Дваесет и трет конгрес на СДСМ, се очекува потврда на заедничкиот кандидат Пендаровски – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/19 9:26 AM

Дваесет и трет конгрес на СДСМ, се очекува потврда на заедничкиот кандидат Пендаровски

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ќе го одржи 23-от партиски конгрес на кој партијата треба да го потврди Стево Пендаровски за кандидат за претседател на државата на претстојните избори.

На отворањето на Конгресоте предвидено е обраќање на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, додека работниот дел ќе биде затворен за јавноста. На крајот на конгресот, кој повторно ќе биде отворен, ќе се обрати избраниот кандидат за претседател на државата.
Стево Пендаровски доби поддршка да биде заеднички претседателски кандидат на 31-на политичка партија од коалицијата предводена од СДСМ, владината коалиција исите поддржувачи на концептот за заеднички кандидат за претседател на државата.

МИА